Повисоки цени на индустриските производи во март

18

industriski-proizvodi-pixabay

Фото: Pixabay

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се повисоки за 0,7% на месечно ниво, а за 4,9% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во март 2017, во споредба со февруари 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1,4%, во секторот Преработувачка индустрија за 0,7% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1%.

Во март 2017, во споредба со март 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 24,3%, во секторот Преработувачка индустрија за 3,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,5%.