Повлекуваат производи: Наместо да заштитат, можат да предизвикаат рак

129

Американската компанија Johnson & Johnson (J&J) доброволно ќе повлече од пазарот пет спрејови за сончање од брендовите Neutrogenа и Aveeno, откако во некои примероци откри хемикалија што предизвикува рак.

Станува збор за четири аеросолни производи за заштита од сонце од брендот Neutrogena – Beach Defense, Cool Dry Sport, Invisible Daily Defence и Ultra Sheer и спрејот Protect + Refresh од компанијата Aveeno, пишува Ројтерс .

Компанијата со седиште во Њу Џерси соопшти дека потрошувачите треба да престанат да ги користат тие производи и да ги фрлат, бидејќи интерните тестови откриле ниско ниво на бензен во некои примероци.

J&J исто така ги информира дистрибутерите и трговците да ја прекинат продажбата на овие производи и да организираат нивно враќање “како претпазливост“. 

Американската компанија додаде дека бензенот не е супстанца која е дел од нејзините производи за заштита од сонце и дека ги истражува причините за контаминација на нејзините производи со таа состојка.

Фото: Pixabay