Поволни станбени кредити од Комерцијална банка до крајот на септември

23

komercijalna banka

Комерцијална банка го продолжи промотивниот период до 30-ти септември оваа година на поволниот станбен кредит со ЕУР клаузула.

“Овој кредит, банката го нуди со 2,9% годишна, фиксна каматна стапка за првите три години и 6,85% годишна променлива за остаток на период на отплата на кредитот. Сите клиенти на банката може да го добијат кредитот без надомест за одобрување и администрирање  и без трошоци за процена на сите новоодобрени станбени кредит со ЕУР клаузула во промотивниот период до 30.09.2015 година“, стои во соопштението на банката.

За одобрени станбени кредити наменети за рефинансирање на постоечки станбени кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.