Хрватскиот национален превозник Кроација ерлајнс викендов на сите патници од Скопје им нуди можност за купување повратен билет за голем број европски дестинации со цена од 139 евра. Оваа акција, која ќе трае од петок (28 септември) до недела (30 септември), се однесува за купување билет преку интернет-страницата на компанијата, а за билети купени на други продажбени места на авиопревозникот, се наплаќаат дополнителни 30 евра. Во цената инаку се вклучени аеродромските такси, надомест за издавање на авионскиот билет (ТСЦ), бесплатен превоз на едно парче багаж до 23 кг, храна и пијалаци во авион, печат, а патниците со летање собираат и наградни милји. Во оваа посебна понуда на патниците на располагање им се повратни авиобилети за летови од Скопје (преку Загреб) до Амстердам, Виена, Брисел, Франкфурт, Истанбул, Копенхаген, Лондон, Минхен, Париз, Подгорица, Приштина, Рим, Сараево и Цирих.
Најчитани
Бесими: Државна поддршка од 150 милиони евра за фирмите, оние со екстра добивка треба...
Скоро 150 милиони евра е буџетската поддршка за домашните и странските фирми годинава или пет пати поголема споредено со пред пет години. Реинвестираната добивка,...
OpenAI потенцијално вреди 90 милијарди долари
OpenAI, креаторот на ChatGPT, разговара со инвеститорите за потенцијална продажба на акции што би го вреднувала стартапот од 80 до 90 милијарди долари, објави...
Ресторан во Германија на келнерите им нуди плата од 11.000 евра: „Има интерес, но...
Дури 11.000 евра месечна плата нуди ресторан во Долна Саксонија кој веќе некое време има проблеми со наоѓање работна сила. Филип и Кристин фон...
Во Новаци никна најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот која ќе произведува 85.000 MWh струја...
Во Новаци, на само 50 метри од одлагалиштето на јаловината од Рудникот Суводол, изградена е најголемата приватна фотоволтаична електроцентрала во земјава – ФЕЦ Новаци...
Како треба да се трошат парите?
Дали сте од оние луѓе кои отсекогаш мислеле дека заработката е „напорниот дел“ и дека „сè е лесно“ само кога имаме доволно пари?
Ако не...