Повторен увид во 15 катастарски општини во Кочанско

58

Во општината Кочани повторно ќе се ажурираат катастарските планови за кои се заинтересирани жителите од повеќе населени места. Дополнителното ажурирање посебно се однесува на населените места од планинскиот регион.

Во 15 катастарски општини ажурирањето го овозможи Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

“Со активностите ќе бидат опфатени катастарските општини Безиково, Главовица, Костин Дол, Јастребник, Лешки, Небојани, Ново Село, Пашаџиково, Полаки, Пресека, Рајчани, Цера, како и Бурилчево и Теранци”, истакна градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Според него, Општина Кочани е една од ретките во државата каде што граѓаните можат да добијат услуга од областа на катастарот на недвижности и да бидат задоволни од услугата.