Саеми и деловни настани, коишто беа забранети во март минатата година, сега повторно се дозволени во Словенија.
Учеството на таквите настани ќе биде дозволено на сите оние кои веќе ја прележале пандемијата, се вакцинира или имаат негативен тест на коронавирус, но одредени рестриктивни мерки ќе останат на сила, јавуваат словенечките медиуми.
Храна и пијалаци би можеле да се консумираат само доколку гостите седат на масите со пропишаната оддалеченост, додека лицата кои ја прележале болеста или примиле прва доза од вакцината до осум месеци по позитивен тест на коронавирус не мораат редовно да се тестираат, во рамки на важечките прописи.
Фото: Pexels











