Повторно намалување на цените на горивата

19

benzinska pumpa kola

Цените на горивата од полноќ повторно добиваат нова и пониска цена, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на Еуросупер БС – 95, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари за литар. Со тоа, цената на Еуросупер БС – 95 ќе биде 60,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 51 ден/лит, додека на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 40,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуросупер БС – 98 се намалува за еден денари по што новата цена ќе биде 62,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,556 ден/кг, па новата цена ќе биде 22,892 ден/кг.