Повторно намалување на горивата од ноќеска

21

benzinska-pumpa-

Цените на горивата од ноќеска повторно ќе се продаваат по пониски цени, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Еуросупер БС – 95 се намалува за 1,50 денари и новата цена ќе биде 59 денари. Кај бензинот Еуросупер БС – 98 намалувањето е од два денари, па новата цена е 60,50 денари. Најголемо намалување, според одлуката на регулаторот, има кај Еуродизел (Д – Е V), по што ќе се продава по 48,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се намалува за три денари за литар и ќе се продава по цена од 37 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,610 денари за килограм и ќе изнесува 21,282 денари за килограм.