Повторно откажан Загреб Auto Show

58

zagreb-auto-show-logoМинатогодишниот пад на продажбата на нови автомобили од 12% во однос на 2012 година се одразува и на други активности во хрватската автоиндустрија – откажан е Загреб Auto Show, пишува Слободна Далмација.

Смотрата на најновите автомобили на застапниците на големите автокуќи требаше да се одржи од 20 до 26 март, но поради кризните статистики, се е одложено.

“Саемот се одложува се до моментот кога ќе се совпаднат условите на пазарот да го вратиме во неговиот вистински сјај каков што заслужуваат изложувачите, но и нашата публика. До тогаш и понатаму со партнерите ќе ја продолжиме соработката и заедничките преговори”, стои на страницата на Загрепскиот саем.

Пред почетокот на кризата, во 2008 година во Хрватска се продадени 88.265 нови возила, а минатата година само 28.000.

Последен пат Загреб Auto Show е одржан 2008 година, а поради тоа што се одржува секоја втора година, ова е веќе трето негово откажување.