Повторно расте цената на биткоинот

36

Најстарата и најпопуларна криптовалута, биткоин, утрово забележа раст од 6%, по неколку дена пад кога се спушти дури и под 50.000 долари.

Цената на дигиталната валута во изминатите 24 часа се движеше помеѓу 47.000 и 53.000 долари, а моментално биткоинот вреди околу 52.800 долари. Втората најпопуларна криптовалута, ethereum, бележи раст за 12%, приближувајќи се до 2.500 долари.

Биткоинот доживеа голем пад на вредноста само во текот на изминатите неколку дена, бидејќи неговата цена беше малку повеќе од 47.000 долари во петокот. Една недела порано, цената на криптовалутата падна од 60.000 на 52.000 долари за само 15 минути.

Пазарната капитализација на биткоинот во моментов е околу 990 милијарди долари. Иако точната причина за ненадејниот пад е непозната, аналитичарите проценуваат дека расположението на пазарот можело да се влоши поради гласините дека Министерството за финансии на САД планира да казни неколку финансиски институции за перење пари со криптовалути.

Фото: Pixabay