Power grip – спреј за тркала има иста функција како ланците од зимската опрема

22

sneg avtomobil

Зимскиот период со себе носи ниски температури, променливо време, снег и со тоа неволји за возачите. Многу често се случува некој автомобил да заглави поради снегот, влажните коловози и слично.

Германската компанија Weicon разви производ што ќе им биде од голема полза на возачите во зимски услови. Компанија разви посебен спреј – Power Grip, што овозможува подобро движење на тркалата на возилата за дури 30%.

sprej

Освен тоа, содржината на спрејот го намалува пролизгувањето на тркалата и го намалува растојанието за сопирање, што се важни предуслови за безбедно возење во зима.

Возачот најпрво ќе има обврска да ги исчисти тркалата, да го нанесе спрејот, да причека пет минути да почне да дејствува и потоа автомобилот е подготвен за патување, исто како на себе да има ставено ланци.

Спрејот е тестиран и сертифициран од независниот германски институт Dekra.