Поради пожарот кој избувна денеска кај Ајфеловата кула, туристите се евакуирани!
Ајфеловата кула е главната туристичка атракција на Париз, главниот град на Франција, и секоја година ја посетуваат милиони туристи.
Засега нема извештаи за повредени, објави Мирор.
Туристичката атракција и една од најпознатите кули во светот ја посетуваат во просек од 15.000 до 25.000 посетители дневно.
Туристичката атракција е затворена додека не се изгасне пожарот, пренесоа француските медиуми.
Според непотврдени информации, пожарот настанал во отворот на лифтот меѓу првиот и вториот кат.