Утрово целосно изгоре горниот кат од конфекцијата Колор Д од Кочани. Пожарот избувнал додека работела првата смена во одделот за готови конфекциски единици на Колор Д, сместена во зградата на компанијата Тигар метал, јавува МИА.
Според Дени Арсов, командир на кочанската територијална противпожарна единица, изгорен е горниот кат на конфекцијата, 56 машини, два тони конфекциски материјал и над 2.000 готови парчиња наменети за извоз.
Пожарот е локализиран.