Позитивни промени што ги донесе лошата туристичка година

57

Без работа останаа голем број на туристички работници, авиокомпании ширум светот се потпираа на помош од државата, патници останаа без работа поради откажаните аранжмани.

Изминатата година беше исклучително предизвикувачка за светскиот туризам, но постојат и одредени добри работи кои ги донесе затворањето на границите ширум светот. Од крај на прекумерниот туризам, до еколошките придобивки од намалениот воздушен сообраќај.

Ова се позитивните работи и промени од лошата туристичка година:

Крај на прекумерниот туризам

Пред пандемијата официјалните лица се обидоа да го намалат бројот на посетители на познати знаменитости како што се Мачу Пикчу и Таџ Махал, со цел да ги зачуваат.

Локалните жители во Венеција, Барселона и Дубровник се  жалеа дека нивните градови станале невозможни за управување и екстремно скапи за живеење.

Иако падот на бројот на туристи несомнено влијаеше на економијата, крајот на прекумерниот туризам, иако најверојатно привремен, им даде на ваквите дестинации можност да се опорават.

Поттикнување на домашниот туризам

Рестриктивните мерки за борба против коронавирусот кои вклучуваа затворање на границите и забрана за движење и карантин за секој што доаѓа или се враќа од некоја земја, ги натераа луѓето да се свртат кон туристичките дестинации во нивната земја.

Луѓето сфатија дека не мора да летаат 12 часа кога сакаат да одморат.

Предности за животната средина

Во првата половина на 2020 година се забележа пад на емисиите на СО2 од 8,8% во споредба со истиот период во 2019 година, што е уште поголемо од намалувањето за време на финансиската криза од 2008 година и кризата од 1970 -те.

Според Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, поради намалувањето на бројот на патници за 67%, авиокомпаниите беа принудени да приземјуваат авиони, а тоа донесе низа придобивки за животната средина.

Природата уживаше

Со драстично помалиот број на туристи и падот на емисиите на големите загадувачи, во 2020 година природата “уживаше“ во краток одмор.

Добри туристички понуди

Со ограниченото патување во 2020 година, хотелите и туристичките работници настојуваат да имаат неверојатни понуди за патувања и сместување во 2021 година.

Враќање на “бавното“ патување

Туроператорот Responsible Travel ова го опишува како Milestone Travel: враќање на начинот на кој одмаравме, одевме на подолги патувања на едно место и навистина ја истражувавме дестинацијата, а не само да одиме од една на друга знаменитост за време на викендот.

Изминатата година им овозможи на патниците и туристичките работници да го разгледаат овој пристап кон туризмот, така што фокусот ќе биде насочен кон обезбедување на поодржливи одмори кои ќе им помагаат на локалните заедници.

Нови видови на годишни одмори

Хотелите и разните туристички сместувања ја форсираат идејата дека можете да комбинирате работа и одмор со одење на патување на тој начин што ќе работите од хотелската соба, а потоа ќе одмарате.

Дигиталните номади со години ја практикуваат оваа комбинација на работа и задоволство.

Фото: Pixabay