Познат бренд го напушта светот на мобилни телефони

184

TCL Communications, којашто ги поседува правата за производство и дистрибуција на телефони на BlackBerry, најави дека ќе престане со продажба на уреди под тој бренд на 31 август 2020 година.

Некогаш популарниот бренд за мобилни телефони што бележеше рекордна продажба и се здоби со огромна популарност на пазарот на мобилни телефони, доаѓа до крајот на своето патување во светот на мобилните телефони.

TCL на Twitter потврди дека нема да продава BlackBerry телефони по 31 август, а како причина го наведе непостоењето на лиценца за нивно производство, дизајнирање и продажба.

Брендот, којшто е основан 19-ти јануари 1999 година, отакако Microsoft неодамна одлучи да го “пензионира“ Windows 10 мобилна верзија, го напушта мобилниот свет.

TCL Communicationsќе продолжи со пружање на софтверска поддршка, како и сервис за постоечките уреди на корисниците на овие мобилни телефони.

Фото: Pexels