Познат датумот за исплата: „Алкалоид“ ќе исплати дивиденда од 648 денари по акција

Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ АД Скопје на седница на Собранието на акционери  донесе одлука за утврдување на датуми при исплата на дивиденда за 2025 година

Според усвоената одлука, акционерите на „Алкалоид“ ќе добијат дивиденда во износ од 648,00 денари нето (односно 720,00 денари бруто) за секоја поседувана акција. Исплатата ќе се врши во готово, директно на платежните сметки на имателите на акции.

Исплата на дивидендата за 2025 година ќе започне од 13.05.2026 година.