Познат хакер добива висока работна позиција во Twitter

66

Питер Затко, познат под хакерскиот прекар Mudge, стана шеф за безбедност и доби широки овластувања да препорача промени во сигурноста на Twitter. Затко директно ќе му реферира на генералниот директор, Џек Дорси, а се очекува да почне со работа за околу 45 до 60 дена.

Затко најавил дека ќе ја испита “информатичката безбедност, интегритетот на мрежата, физичка безбедност, интегритет на платформата, што влијае на злоупотреба и манипулација, како и на инженерскиот дел“.

Познатиот хакер ја почна својата кариера во 90-тите години, кога во исто време работел доверлива работа за компанија којашто имала договор со владата и бил лидер на Култот на мртвата крава, собир на хакери познати по тоа што објавуваат алатки за хакирање на Windows со цел да го поттикнат Microsoft да ја зголеми безбедноста.

Затко работел и на посебни проекти на Google и го надгледувал проектот за сајбер сигурност во агенцијата за напредни истражувања и проекти на Пентагон.

Twitter се соочува со бројни безбедносни предизвици. Пред една година, американската влада обвини двајца информатичари дека шпионирале за Саудиска Арабија, додека претходно работеле за Twitter и испраќале приватни информации за критичарите на таа земја.

Оваа година, група млади хакери измамиле вработени во компанијата и добиле пристап до интерни алатки што им овозможило да ги менуваат подесувањата на профилите на Џо Бајден, Бил Гејтс и Илон Маск.

Фото: Twitter