Познат милијардер советува како да го спасите бизнисот во време на криза

89

Американскиот милијардер познат е по јасниот став и паметни деловни потези секогаш има и знае што да каже, а тоа обично го соопштува преку социјалната мрежа Twitter.

Сопственикот на Dallas Mavericks, Марк Кубан не е типичен богаташ. Еднаш изјави дека не сака повеќе да заработува (моментално има богатство од четири милијарди долари) и не сака неговите деца да бидат размазени татини деца.

Кај него нема “бескрајно давање на картички“, ниту пишување чекови, туку сè што сакаат мораат да купат сами и да заработат пари. Овој пат познатиот милијардер ги советува работодавците: Што да направат ако сакаат компанијата да ја спасат од пропаст.

Ако сакате вашата компанија да преживее и продолжи да цвета, дајте им на вработените удел во сопственоста. Тие поради тоа ќе работат понапорно од претходно, поинаку ќе гледаат на работите и сите ќе имаат корист од тоа“, напиша Кубан.

Како што наведува, кога го продале Broadcast.com на компанијата Yahoo, од 330 вработени, 300 станале милионери.

Ако ги вклучите вработените во сопствеништво, имајте на ум две работи вели Кубан: Оддржувајте добри односи и прашајте ги за мислење.

Фото: Pixabay