Познат трговски ланец ги затвора сите продавници. Катастрофата дојде по 42 години работа

34

Познатиот американски трговски синџир 99 Cents Only ги затвора вратите на своите продавници по повеќе од 40 години бизнис. И тие не се првите на удар на инфлацијата

Синџирот ќе ги затвори вратите на продавниците на 371 локација, најавија деновиве.

„Ова беше исклучително тешка одлука. Работите не се развија како што се надевавме и очекувавме“, изјави главниот извршен директор Мајк Симончиќ за американските медиуми. Како главни причини за колапсот на малопродажниот синџир тој наведе неколку фактори – големото влијание на пандемијата на Ковид, промената на потрошувачките навики, инфлацијата, но и сè почестите кражби. Комбинацијата на овие фактори во голема мера ја попречи способноста на компанијата да работи правилно. Популарниот ланец неодамна ја прослави својата 42-та година во деловното работење.

99 Cents Only не е првиот голем трговски синџир што неодамна „падна“ како жртва на инфлацијата. Минатиот месец, Dollar Tree објави дека ќе затвори 1.000 гранки. А Мејси откри дека планира да затвори 150 продавници, околу 30 отсто од вкупниот број продавници.