Познато е колку чини и каде ќе се продава Москвич

296

Сите кои сакаат да го купат кросоверот „Москвич 3“ ќе треба да платат најмалку 1.970.000 рубљи (26.645 евра), објави информативната служба на препородениот бренд, пишува Autoblog.

Тоа значи дека овој автомобил најверојатно ќе може да учествува во владината програма за повластен автомобилски заем. Еден од условите за учество во таа програма за автомобили со мотор со внатрешно согорување е нивната цена да не надминува 2 милиони рубљи (27.051 евро).

Овој модел веќе се произведува во фабриката во Москва и треба да се најде во продажба до крајот на годината. Од компанијата истакнаа дека возилото првично ќе се продава само во главниот град. Во првата фаза 11 московски дилери ќе продаваат и сервисираат автомобили „Москвич“.