Познато е колку ќе заработи победникот на Светското првенство во Катар

103

За четири дена почнува Светското првенство во Катар, а познато е и колку пари очекуваат федерациите од овој Мундијал.

Така, ФИФА ќе плати вкупно една милијарда долари на националните асоцијации и клубови како награда за пласман на Светското првенство.

Наградата за победникот на Светското првенство во Катар е 42 милиони долари. На сето тоа се додаваат 1,5 милиони долари кои секоја репрезентација ги добива за подготовки, како и уште девет милиони за учество во групната фаза. Кога се ќе се собере, победникот на Светското првенство во Катар ќе заврши со вкупно 52,5 милиони долари.

Второплаираната репрезентација  ќе добие вкупно 40,5 милиони долари, додека третото место ќе донесе 27 милиони долари, а четвртото 25 милиони долари.

Значи, дури  и три порази –  носи милиони на секоја репрезентација.

– од 5 до 8 место, 17 милиони долари
– од 9 до 16 место, 13 милиони долари
– од 17 до 32 место, 9 милиони долари