Познато е колку вакцини ќе испорача Pfizer во Македонија

119

Македонија ќе добие 800.000 вакцини против Ковид-19 од компанијата Pfizer во текот на годината.

Договорот бил дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот за здравство, Венко Филипче и висок претставник на компанијата прoизводител на вакцини против Ковид-19.

“Првата доза од 5.850 вакцини против Ковид-19 од производителот Pfizer ситигнува во февруари, а во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за цела 2021 година. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцината на Pfizer се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови.

Фото: Facebook