Познато кога ќе пристигне новиот Renault 4

34

Renault веќе некое време најавува дека ќе лансира електрична верзија на еден од најпопуларните модели – Renault 4.

Првиот поглед на овој модел го имавме минатата година, а во полн сјај треба да го видиме на саемот за автомобили во Париз, кога ќе биде официјално претставен.

Судејќи според првите фотографии од концептот, тој ќе ги задржи тркалезните фарови и задните светла кои се карактеристични за овој модел.

Според досегашните достапни информации, „погонот на четири тркала“ ќе го видиме во хечбек и SUV варијанти.

Наводно ќе бидат достапни модели со 120 и 150 КС, со батерии од 40 kWh кои се доволни за околу 400 километри досег со едно полнење.

Официјално, автомобилот ќе се појави на пазарот следната година, а ќе биде поскап од Renault 4 E-Tech – наводно, ќе чини околу 30.000 евра за најосновната варијанта.

Фото:renault