Прада деновиве го презема Версаче

Италијанската луксузна групација Прада се очекува оваа недела да донесе одлука за потенцијално преземање на помалиот конкурент Версаче, изјави во неделата извор близок до ова прашање, додека преговорите влегуваат во завршна фаза.
Договорот за купување на Версаче, во сопственост на њујоршката Капри холдингс, ќе ги обедини двете најголеми имиња на италијанската мода.

Италијанскиот весник Corriere della Sera во неделата објави дека потенцијалниот договор би можел да биде објавен во четврток, на 10 април, а цената за загубарот Версаче би можела да се намали на 1 милијарда евра (1,1 милијарди долари), за една третина пониска од првичните извештаи.

Италијанскиот дневен весник La Repubblica во саботата објави дека извршниот директор на Capri Holdings Џон Ајдол се очекува во Милано во наредните денови за да разговара за договорот.

Прада доби ексклузивен четиринеделен пристап до финансиските податоци на Версаче кон крајот на февруари, период кој оттогаш е продолжен, според извештаите на медиумите.

Новите царини на претседателот Доналд Трамп оттогаш испратија шокови низ глобалните пазари, додавајќи дополнителен слој на сложеност на преговорите.

Фото: Pixabay