Prada, Gucci и Louis Vuitton во светските центри од српските фабрики

72

srbija pradaЕкслкузивни чевли од брендовите Prada, Gucci и Louis Vuitton, кои во Европа чинат од 300 до 1.500 евра, се произведуваат и во Србија. Горните делови од обувките ги изработуваат српски работници во фабриките Progetti во Владимирци, Сомбор и Вршац, пишува 24 сата.

Сопственик на компанијата е Романо Роси, кој со својот брат започна со производство во 2001 година.

“Модните гиганти многу ги ценат нашите работници и нивната рачна изработка и затоа одлучија деловите за своите обувки да ги прават кај нас. Во Владимирци се кројат и се шијат горните делови за чевлите, од нивни материјали и на нивно барање, а такви фабрики имаме и во Сомбор и Вршац”, велат за 24 сата од фабриката. Додаваат дека за странските пазари, во Србија годишно се прават горни делови за околу 1,5 милиони пара чевли.

Progetti во своите фабрики имаат вработено 950 луѓе и уште околу 1.500 кооперанти. Платата на работниците е околу 220 евра.

Чевли за Prada се изработуваат и во близина на Тузла, во фабриката Bosit Industry. Таму, за скоро иста плата, се изработуваат комплетни модели.