Прашања кои најголемите умови во бизнисот им ги поставуваат на кандидатите за работа

116

Некои работодавци интервјуата за работа ги свеле на науката и немаат навика да трошат време со неважни прашалници.

Тие често имаат омилено прашање кое што сакаат да го постават. Тоа вообичаено открива сè што треба да знаат за кандидатот за работа. Некои преферираат загатки за да видат како кандидатите размислуваат.

Во продолжение прочитајте ги омилените прашања на неколку раководители на познати брендови:

1. На скала од еден до десет, колку сте чудни?, поранешен извршен директор на Zappos, Тони Шеј.

2. Што не добивте можност да го ставите во вашето резиме?, основач на Virgin Group – Ричард Брансон.

3. Стоите на површината на Земјата. Чекорите милја јужно, милја западно и милја северно. Завршивте токму таму каде започнавте. Каде сте? извршниот директор на Tesla, Илон Маск.

4. Чекан и шајка чинат 1,10 долари, а чеканот е еден долар поскап од шајката. Колку чини шајката?, директорот на компанијата ZipRecruiter – Џеф Звелинг.

5. Кажи ми нешто вистинито, околу што баш никој не се согласува со тебе, коосновачот на PayPal, Питер Тил.

6. Дали сте најпаметната личност која што ја познавате?, коосновачот на Oracle, Лери Елисон.

7. Што сакате да бидете кога ќе пораснете?, коосновачот на Flickr, Стјуарт Батерфилд.

8. Што би рекол некој кој што не ве сака за вас?, основачот на McChrystal Group,  Стенли Мек Кристал.

9. Кој е вашиот омилен цитат?, поранешен претседател на Nasbro, Карен Дејвис.

10. Како би заработиле од штанд за сладолед во Централ Парк?, шеф за истражување и развој во Jigsaw, Џезмин Грин.

Фото: Freepik