Прашања што ќе ви помогнат да издвоите просечен од исклучителен кандидат

35

izbor

Фото: Pixabay

Интервјуирањето на кандидати за работа е тешка задача, особено кога треба да изберете некого за лидерска или менаџерска позиција. Ограниченото време за поставување на прашања и многумина добро подготвени кандидати може да го отежнуваат процесот да ја изберете вистинската личност. Техничката способност може лесно да се процени, но меките вештини имаат поголемо влијание врз тоа дали кандидатот ќе биде успешен.

Потребно е да го оставите кандидатот да зборува за себе слободно за да може да откриете каква личност стои пред вас. Овие прашања ќе ви помогнат да ги идентификувате најдобрите кандидати за лидерската позиција, пишува Inc.

Какви вредности донесовте во оваа компанија?

Ако може да ја започнете вашата кариера одново, што би направиле поинаку?

Опишете го најдобриот и најлошиот шеф за кој сте работеле и зошто?

Кажете за најголемиот неуспех што сте го доживеале и што научивте од тоа?

Што значи за вас одговорноста?

Како помина процесот кога моравте да отпуштите вработен. Дали се снајдовте?

Ако од вас биде побарано да направите нешто невозможно како ќе се справите?

Во какви предизвици не сакате да бидете вклучени?

Од што најмногу се плашите?

Дали клиентот е секогаш во право и објаснете го вашето размислување?

Што имате изработено професионално и успешно, но сепак не е искуство коешто сакате да ви се повтори?

Дали е добро да бидете совршен и малку да доцните или просечен и точен?

Ако имате пари да започнете свој бизнис, каков бизнис би започнале?

Кое е најтешкото прашање што ви го поставиле на интервју?

Кои навики ги цените кај вашите колеги, а кои ви сметаат?