Прашања што не смеат да им се поставуваат на кандидатите за работа

intervju

Фото: Pixabay

За време на интервју за работа, кандидатите се среќаваат со различни прашања. Понекогаш се сосема соодветни, понекогаш се чудни, но понекогаш се дури и нелегални. Јасно е дека работодавачот од потенцијалниот вработен сака да добие што повеќе информации, но притоа се занемарува фактот дека можеби го прекршува законот.

Во САД некои прашања за разговор за работа се забранети со закон. Тоа се прашања што откриваат старост, раса, национална припадност, пол, религија, брачен статус или сексуална ориентација.

“Државните и федералните закони наложуваат дека прашањата од одредени категории се нелегални. Со секое прашање со кое од кандидатот се бара да открие одредени информации, а тоа не е поврзано со работата што би ја работел, се крши законот. Сепак, доколку работодавачот смета дека некои од тие прашања се поврзани со работата, тогаш имаат легитимитет да ги постават, иако треба да се испита намерата што се крие зад тие прашања”, вели за Бизнис Инсајдер Лори Аделсон, правник за труд и вработување и партнер во адвокатската компанија Arnstein & Lehr.

Бизнис Инсајдер направи листа на најчестите прашања што се забранети во САД. Еве некои од нив:

1. Дали некогаш сте биле апсени?

Работодавачот не смее да го праша кандидатот дали е апсен, но смее да го праша дали бил осудуван за криминално дело.

2. Дали сте во брак?

Иако ова прашање е често поставувано за да се добие претстава колку време може кандидатот да и се посвети на работата, прашањето е забрането затоа што ја открива сексуалната ориентација на кандидатот.

3. Кои празници ги славите?

Работодавачот може да го постави ова прашање поради својот распоред, но прашањето ја открива верата, па затоа е забрането.

4. Имате деца?

Да се дискриминира некој затоа што има деца е противзаконски, но доколку работодавачот сака да знае колку време има некој кандидат по работата, може да го праша дали има некакви дополнителни обврски.

5. Од каде сте?

За луѓето што имаат различен акцент тоа можеби се чини како невино прашање, но може има намера за откривање на нечија националност.

6. Имате ли долгови?

Работодавачот нема право да се меша во нечија кредитна способност или да бара имотна картичка, освен ако тоа не влијае врз работата за која се пријавил кандидатот.

7. Пиете ли во друштво?

Прашањето за конзумирање на алкохол е потполно непристојно за Американците. Дури и да се алкохоличари што се во процес на лечење, тоа не мораат да го признаат.

8. Кога последен пат сте користеле дроги?

На работодавачите во САД им е забрането да ги прашуваат кандидатите дали во минатото користеле дрога, но за разлика од алкохолот, смеат да прашаат дали ги користат.

9. Колку долго работите?

Ова прашање му дава приближна ориентација на работодавачот за возраста на кандидатот. Кандидатите не смеат да ги прашаат кога матурирале или дипломирале, но можат да ги прашаат колку години работат во одредена индустрија или струка.