Прашање што ги разоткрива лажговците на интервју за работа

77

Илон Маск, еден од најбогатите луѓе во светот во една прилика откри како открива дали некој кандидат го лаже на интервју за работа.

“Раскажете ми за некој од најтешките проблеми со кои сте се соочиле на работата досега и како сте ги решиле“, е прашањето што Маск им го поставува на кандидатите за вработување во неговата компанија за време на интервјуата.

“Луѓето кои навистина решавале проблеми знаат точно како ги решиле. Тие тоа можат да го опишат и до најмалиот детаљ”, рече Маск на World Government Summit 2017.

Методот на Илон Маск се потпира на идејата дека ако некој лаже нема да има убедливи докази. Затоа тој ги слуша нивните приказни, чекор по чекор, додека одговараат како досега ги решавале проблемите.

Студија објавена во Journal of Applied Research in Memory and Cognition во декември минатата година откри неколку пристапи за “фаќање“ на лажговци, користејќи техники во интервјуата за работа што ја поддржува ефективноста на она што Маск го правел со години.

Една таква техника, наречена асиметрично управување со информации, е дизајнирана да му обезбеди на испитаникот средства за докажување на неговата или нејзината невиност или вина пред истражителот користејќи детални информации.

“Ситните детали се крвотокот на форензичките истраги и на истражителите им ги обезбедуваат клучните информации за проверката, а со нивна помош доаѓаат и до сведоците кои можат да ги испрашуваат“, тврдат авторите на студијата.

Тие исто така нагласуваат дека истражителите треба да им дадат јасни упатства на испитаниците дека “ако дадат подетални информации за настанот за кој се прашува, тогаш истражителите ќе можат полесно да откријат дали ја кажуваат вистината или не“.

Студијата открива дека оние кои ја зборуваат вистината “обично сакаат да ја покажат својата невиност со давање на подетални информации во својот одговор“.

Лажговците, пак, сакаат да ја сокријат својата вина. Тоа значи дека има поголема веројатност тие да се обидат да ги сокријат информациите затоа што претпоставуваат дека кажувањето на повеќе информации ќе му олесни на истражувачот да ги фати во нивната лага, заклучуваат авторите на студијата.

Фото: Freepik