Прашање што открива дали сте просечен работник

265

Секој мисли за себе дека е добар работник, дека заслужува подобар статус во компанијата и поголема плата. Но, колку се искрени вработените кога го кажуваат тоа?

Повеќето луѓе веруваат дека добро си ја вршат својата работа. Што всушност значи тоа? Тие доаѓаат во канцеларијата на време (не доцнат), прават што шефот бара од нив и се чувствуваат пријатно таму каде што се.

Сепак, колку и правилно некој ги извршувал своите задачи, тоа не значи дека тој не е “просечен работник“. За подобар статус, потребно е повеќе докажување. На сите не им е судено да се искачат на врвот на корпоративната скала.

Не е проблем кога работникот мисли дека е во “златната средина“, но кога смета дека заслужува многу повеќе отколку, па затоа тој почнува да се натпреварува и изразува своето незадоволство на различни начини.

Може ли тимот да се потпре на вас како лидер?

Одговорот на ова прашање ќе открие сè за тоа како ве доживува компанијата во која работите. Кога проектите треба да бидат завршени на време, дали ве контактираат? Ако нов вработен се приклучи на тимот, дали тие ве замолуваат да му бидете ментор?

Се случува некои практиканти да работат на некој проект со поголема одговорност и ентузијазам отколку менаџерите. Лидер е оној кој го “турка“ тимот напред , некој што гледа како работите можат да се подобрат. Тој не мора да вика или да дава наредби за да биде “над просекот“ во тимот.

Вистинските водачи ги ставаат луѓето на прво место. Тие се емпатични. Тие ги поврзуваат колегите едни со други, наместо да демонстрираат сила. Авторот Брена Браун вели дека “водачи се оние кои преземаат одговорност за наоѓање потенцијал кај луѓето и кои имаат храброст да го развијат тој потенцијал“.

Без разлика дали станува збор за енергија, креативни идеи или решавање проблеми, компаниите сакаат луѓе кои ја подобруваат нејзината култура и резултати. 

Во моментов, многу компании се занимаваат со ограничен буџет, губење на приходите и непредвидлива иднина. Потребни им се различни лидери, од сите нивоа, за да придонесат во надминување на тешките времиња.

Фото: Freepik