Правила што треба да ги прекршите за да успеете

200

Неколку претприемачи за Entrepreneur споделија совети за правилата во бизнисот, односно нивното отфрлање и фокусирање кон тоа што е прифатливо за нивниот бизнис.

Престанете да се натпреварувате како луди за да бидете подобри

“Престанете да се натпреварувате како луди за да бидете подобри. Напротив, размислете како можете поинаку да пристапите на работите. Јас секогаш се присетувам на цитатот од Алберт Ајнштајн: Ние не можеме да си ги решиме проблемите користејќи го истото размислување кога сме ги создале“. – Џонатан Неман, ко-основач и ко-извршен директор на компанијата Sweetgreen.

Прекршете го правилото на совршенство и фокусирајте се на напредок

“Прекршете го правилото на совршенство и фокусирајте се на напредок. Кога сте опседнати со погрешно преземените чекори и критика, си создавате препрека за напредок.“ – Ариел Каје, основач и извршен директор на компанијата Parachute.

Не бидете “me too“ бренд

“Не бидете ’me too’ бренд. Претприемачите треба да се фокусираат на себе, на своите предности, слабости и визија за компанијата.“ – Ариел Нелсон, ко-основач на компанијата Jack Erwin.

Не бидете воркохолици

“Користете повеќе одмор. Како претприемачи сите сме воркохолици. Секогаш ги предизвикувам моите пријатели претприемачи да го прекршат правилото ’Тимот не спие’ и да користат одмор.“ – Келечи Аниадиегву, основач и извршен директор на компанијата Zuvaa.

Не прифаќајте секаков совет

“Луѓето велат никогаш не вработувај пријател, но вработувањето на пријатели ми овозможи да имам доверливи извори во тимот за помош во доверливи проекти и да обезбедам искрен фидбек.“ – Кари Саитовиц, основач на компанијата The Fhitting Room.

Не одговарајте на електронска пошта во рок од 24 часа

“Откажете се од обидот да одговарате на електронската пошта во рок од 24 часа. Ваквото однесување ве дефокусира од извршувањето на задачите,“ – Сара Шугарман, основач и извршен директор на компанијата за декорации Lulu & Georgia.

Фото: Pixabay