Правилото 4П за успех во секој бизнис

250

За да бидете попродуктивни и позадоволни од вашите резултати на крајот од денот, обидете се да го следите правилото „4П“.

Планирајте – секоја работа е добро да се планира однапред. Во кое време ќе функционира, со кое темпо, на кој начин… целта е веројатно да се заврши што побрзо, но и да биде квалитетно, па планирањето е од клучно значење.

Подгответе се – велат дека добрата подготовка е половина од добро завршената работа.

Пофалби – ако нема кој друг да ве пофали, пофалете се за нешто што добро сте го направиле. Бидете своја поддршка и мотивација, бидејќи само така ќе напредувате и ќе бидете горди на се што правите.

Побарајте совет – ако нешто не ви одговара во моментот, а знаете кој го прави тоа, јавете му се, побарајте совет. Се разбира, не некој друг да ја заврши вашата работа, туку дека може да ви даде идеја како да завршите нешто што е можно побрзо и на најдобар начин. Не е срамота да се јавите и да побарате помош, запомнете го тоа.