Пред 10 години продал 1.700 биткоини за 500 долари – да ги чувал, денес би имал милиони

333

На втори јануари 2021 година, вредноста на биткоинот за прв пат ја надмина вредноста од 30.000 долари.

Грег Шоен, еден од корисниците на Twitter, стана хит на оваа социјална мрежа откако се појави неговиот стар твит за биткоини од 2011 година.

Пред 10 години Грег го напиша следново:

“Би сакал да ги чував своите 1.700 биткоини што ги купив за 0,60 долари, наместо да ги продавам за 0,30 долари, затоа што сега вредат осум долари“.

Во деновите кога оваа крипто валута достигна невидени рекорди и кога нејзината вредност надмина 35.000 долари, неговиот твит стана хит, бидејќи сега на својата сметка ќе имаше 59 милиони долари.

Грег објаснува дека тој веќе нема никаков биткоин “во кутијата“, туку дека поседува некои други криптовалути, но не и количина што може да му го промени животот и објасни дека ги продал биткоините  кои ги поседувал за да го плати студентскиот заем.

Фото: Pixabay