Пред да отпуштите некого, поставете си ги овие пет прашања

26

otkaz

Фото: Pexels

Одлуката за отпуштање вработени поради лоши деловни резултати е тешка задача на секој работодавец.

Повеќето од работодавците сакаат нивните вработени да успеат, но нема поента да вложувате во вработени коишто лошо ги извршуваат работните задачи. Сепак, тешка е одлуката кога треба да подвлечете линија и да дадете отказ.

Пред да се одлучите на таков чекор, поставете си ги следните пет прашања што ќе ви помогнат:

Дали вработениот разбира што се очекува од него?

Во повеќе од 50% од случаите на лошо извршена работна задача, во прашање е некакво недоразбирање помеѓу менаџерот и вработениот. Пред се треба да ги изразите вашите очекувања што е можно појасно. Потоа треба да го прашате вработениот да ви објасни како ќе ги исполни тие очекувања. Тоа ќе ги елиминира сите недоразбирања.

Дали се отстранети сите организациски препреки?

Организациските препреки можат да бидат интерните политики на компанијата, процедурите и недоволните ресурси. Отстранувањето на таквите видови на препреки можеби ќе му помогнат на вработениот да биде попродуктивен.

Дали вработениот е доволно обучен за работата?

Секоја компанија има различна политика, компјутерски систем и корпоративна култура. Сето тоа може да го спречи вработениот веднаш да биде успешен во новата компанија. Потрудете се вработениот да ја добие потребната обука и да има доволно време да ги совлада новите вештини.

Дали вработениот е доволно мотивиран?

Повеќето од вработените мора да искусат и пофалби и критики, за да го развијат својот потенцијал до крајност. Одењето во една или во друга крајност, едноставно е нефункционално.

Дали вработениот е способен да ја изврши бараната работа, односно дали сака?

Полесно е да ја прифатите ситуацијата во која некој едноставно не може да сфати одредена задача. Не е секој во можност за извршување на сите работни задачи. Можеби вработениот едноставно не е на потребното интелектуално ниво за очекуваните резултати. Во таква ситуација најпаметно е да го отпуштите вработениот.

Другата опција е онаа кога вработениот во потполност има капацитет да ги изврши работните задачи што се барани од него, но едноставно нема резултати. Тогаш во ваква ситуација треба да го отпуштите вработениот. Зошто да плаќате некој што не сака да ја работи својата работа?