Пред една година го освои Ролан Гарос, а сега работи во супермаркет за 450 евра

522

Германскиот тенисер Кевин Кравиц (28), минатата година го освои Ролан Гарос во игра во двојки со Андреас Мис, а сега работи во супермаркет за 450 евра. Далеку од тоа дека му “гори под нозете“, но во разговор за Der Spiegel, раскажа како се нашол таму.

“Работам во супермаркет за 450 евра, веќе неколку недели. Уште од порано планирав да работам некоја нормална работа некое време. Коронавирсот ми даде шанса тоа да го остварам. Некои мои колеги стануваат во пет часот наутро и во продавница се во 5:30 за да ги наполнат полиците. На овој начин учам да имам повеќе емпатија“, вели Кравиц.

Германецот е моментално 13 -ти дубл играч, а минатата сезона настапувајќи по турнирите, заработил околу 600.000 долари.

Фото: Facebook