Пред и по пандемија: 10 најголеми светски економии

82

Пандемијата ја “разниша“ листата на најголеми светски економии, туркајќи многу од земјите во најтешката економска рецесија во нивната историја.

САД, Кина, Јапонија и Германија и понатаму ги заземаат првите четири места како најголеми светски економии, додека некои економии бележат напредок, а други пад поради пандемијата, додека една земја повеќе не е меѓу 10-те најголеми, покажува анализата на CNBC.

Таа е направена врз основа на номиналниот бруто домашен производ од 2019 година, изразен во долари, со проценките за БДП за 2020 година од извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

Номиналниот БДП ја проценува пазарната вредност на сите готови производи и услуги произведени во една економија за период од една година, но не го зема предвид движењето на инфлацијата и поради тоа може да се прецени или потцени вистинската економска вредност.

САД ја задржаа лидерската позиција на топ 10 економии во светот, при што нивниот БДП лани се намали на 20,9 милијарди долари од 21,4 милијарди долари претходната година.

Второпласираната Кина бележи раст на номиналната вредност на БДП на 14,7 милијарди долари минатата година од 14,3 милијарди долари една година претходно.

Јапонија остана трета најголема светска економија во 2020 година со проценет БДП на пет милијарди долари, додека едно место подолу е Германија со 3,8 милијарди долари.

Индија, петта најголема светска економија во 2019 година, минатата година се намали на шесто место зад Велика Британија, иако споредените податоци покажуваат дека БДП на двете земји се намали на ниво од 2,8 милијарди долари пред две години на 2,7 милијарди долари лани.

Седмата позиција ја држи Франција со номинален износ на БДП од скоро 2,6 милијарди долари, а осма е Италија со вредност на економијата од околу 1,9 милијарди долари.

Бразил, којашто во 2019 година беше деветта најголема глобална економија, испадна од водечките 10, отстапувајќи ѝ го местото на Канада, чиј лански БДП беше проценет на 1,6 милијарди долари. На ранг листата како 10-та најмоќна економија влезе Јужна Кореја со БДП од 1,6 милијарди долари.

Фото: Pexels