Предизвиците на старт – ап заедницата во Македонија – панел дискусија во ЦЕЕД Хаб Скопје

37

hab-fb

Во ЦЕЕД Хаб Скопје утре ќе се одржи панел дискусија, чија тема ќе бидат предизвиците со коишто се соочува старт – ап заедницата во Македонија.

“Недоволна поддршка, потешкотии при финансирање, при излегување на регионален и глобален пазар, предизвици при наоѓање квалификуван кадар… се само дел од проблемите и предизвиците со коишто се соочуваат македонските стартапи. Како мал пазар и уште помала старт – ап сцена, којашто сè уште се формира и развива, овие млади компании се соочуваат со низа предизвици за кои ќе дискутираме на 21.04 (петок) од 17 до 20 часот“, велат организаторите.

За предизвиците ќе зборуваат: Ева Пиперевска – претставник од Start up Macedonia;  Игор Маџов – претставник на South Central Ventures; Блага Лазаров – соосновач на Ozzi Pie, старт – ап што е дел од акцелераторската програма на ЦЕЕД Хаб Скопје и претставник од Фондот за иновации и технолошки развој.

Настанот е наменет за стартапи, индивидуалци кои планираат да основаат старт – ап и сите оние кои сакаат да слушнат нешто повеќе за старт – ап заедницата во Македонија.