Предлог листата на комората за трговија на големо и мало со производи доставена до Министерството за економија

 Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун, денес достави Предлози за  обезбедување ефективни мерки за намалување на цените на групи производи. Предлозите се доставени до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат.
 
Предлозите се подготвени по одржаниот состанок на 14 февруари 2025 година во Министерството за економија и труд, заедно со министерот, заменик-министерот, претставници од релевантни институции, како и членови на Комората, информира Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.