Предмети од хотелот Ritz продадени четири пати поскапо од првичната цена

78

Сребро, кристали, па дури и крпи што биле во сопственост на хотелот Ritz во Париз се продадени за 1,7 милиони евра или четири пати повеќе од почетната цена, објави аукциската куќа Artcurial.

За три дена се продадени сите понудени предмети, што беа поделени во 1.500 лотови. Купувачите доаѓаат од 25 земји во светот, а во регистарот за онлајн наддавање биле запишани 500 лица.

Посебен интерес имало за шест историски сервиси за јадење: Ritz Club, што има елегантни црвени и златни чинии, а е продаден по цена 18 пати повисока од понудената, додека за сервисот Marta што го нарачал Цезар Риц во 1898 година за време на отворање на хотелот, постигна цена од 6.800 евра, што е за 45 пати повисока од првичната.

Познатата количка за послужување Christofle е продадена за 13.000 евра. Некои од купувачите биле воодушевени од садовите за ладење на шампањ, па некои од нив се продадени за 11.700 евра.

Стаклените чаши од барот Hemingway блеснаа во “полн сјај“. Шест чаши за мартини со изгравирано Bar Hemingway Ritz Paris се продадени за 2.100 евра, а секој комплет од по шест чаши за вотка Maison Ercuis е продаден за 1.800 евра.

На аукцијата имало и поевтини предмети чија цена била околу 100 до 150 евра.

Овој хотел бил препознатливо место бидејќи во него престојувале многу славни личности, како што се писателот Ернест Хемигвеј, модната икона Коко Шанел и актерката Одрои Хепберн.

Инаку, на крајот на март оваа година, хотелот го купи анонимен катарски инвеститор.

Фото: Facebook