Предупредувања за една од најтешките кризи пристигнуваат од сите страни

184

Деновиве пристигнуваат бројни предупредувања за последиците од енергетската криза. Новата, посилна инфлација, како и глобалната рецесија, недостигот и енергетската криза која никогаш не завршува, се главните теми со кои деновиве се занимаваат повеќето светски финансиски организации.

Се огласија и три големи имиња од светската економија: првиот човек на Светската банка, Дејвид Малпас, извршниот директор на ЈП Морган Чејс, Џејми Дејмон и првиот човек на Меѓународната агенција за енергија Фатих Бирол. Тие предвидуваат тешка зима и не толку добро време во иднина.

Инфлација има, но дали со неа доаѓа и тешка економска криза, се прашуваат.

Извршниот директор на JP Morgan Chase изјави дека ураганот е тука и дека доаѓа во наша насока.

„Подобро подгответе се“, рече тој.

Дејмон првенствено зборуваше за состојбата на американската економија над која, како што рече, се надвиснале облаци, а продолжи во „метеоролошки“ жаргон.

„Во моментов е како сончево, работите одат добро, сите мислат дека ФЕД може да ја поправи инфлацијата“, предупреди Дејмон, по што акциите на JP Morgan загубија 1,8 отсто (18 отсто оваа година).

Фатих Бирол: Претстојното лето, исто така, може да биде многу тешко за Европа и САД

Шефот на Меѓународната агенција за енергетика, Фатих Бирол изјави дека сегашната енергетска криза може да биде една од најлошите во историјата, а Европа може да биде најмногу погодена.

Бирол во интервју за германскиот магазин Шпигел изјави дека последиците од војната во Украина би можеле да бидат полоши од кризата во 1970 година.

„Европските земји кои се повеќе зависни од рускиот гас, вклучително и Германија, веројатно ќе се соочат со тешка зима, бидејќи ќе треба да ја рационализираат потрошувачката на гас“.

Коментарите на шефот на ИЕА доаѓаат во време кога рускиот државен гасен холдинг Газпром го прекина снабдувањето на некои енергетски компании во Германија, Данска, Холандија и други земји, бидејќи тие не прифаќаа плаќања во рубљи според новата шема од Москва.

Тој додава дека електраните на јаглен би можеле делумно да ги заменат и електраните на гас.

Бирол рече дека претстојното лето, исто така, може да биде многу тешко за Европа и САД, поради ограничената понуда на пазарот на сурова нафта, предупредувајќи дека побарувачката за гориво ќе се зголеми за време на шпицот на летните одмори, што може да доведе до „тесни грла во снабдувањето.

Дејвид Малпас: Можна глобална рецесија

Минатата недела, шефот на Светската банка, Дејвид Малпас, предупреди дека руската инвазија на Украина може да предизвика глобална рецесија, скок на цените на енергијата и основните прехранбени производи.

Говорејќи на деловен настан во Соединетите држави организиран од Американската стопанска комора, Малпас рече дека е тешко „да се види како да се избегне рецесија“, истакнувајќи дека загриженоста расте и го забавува растот во Кина поради корона локдаунот.

Минатиот месец Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст за оваа година за речиси цел процентен поен, на 3,2 отсто.

Малпас, исто така, истакна дека многу европски земји сè уште се премногу зависни од Русија за нафта и гас, иако бавно напредуваат со плановите за намалување на нивната зависност од руската енергија.