Преговорите меѓу VW и синдикатот „конструктивни“ и без решение, продолжуваат на 16 декември

По последната рунда преговори меѓу раководството на Фолксваген (VW) и синдикатот, решението за спорот сè уште е недостапно, но синдикалниот претставник Торстен Грогер истакна дека разговорите се воделе во „конструктивна атмосфера“ за прв пат.

„По разговорот (во понеделник) јасно е дека сè уште сме далеку од решение“, изјави Арне Мајсвинкел, главен преговарач од раководната страна.

Додека се водеа разговорите, во погоните на VW низ Германија се одржа штрајк со рекорден број работници кои решија да учествуваат.

Договорена е нова рунда преговори за 16 декември.

Синдикатите остануваат цврсти дека нема да прифатат затворање на фабриките додека раководството продолжува да инсистира дека тоа не може да се исклучи. Синдикатите претходно најавија дека, доколку нема понатамошен простор за преговори, ќе започнат штрајкови во 2025 година на невидено ниво.

VW се обидува да ги намали трошоците за полесно да се справи со азиската конкуренција.

Според синдикатот, во штрајкот во последната рунда преговори учествувале околу 68 илјади работници.

Досега во историјата на VW, никогаш немало штрајк кој траел 24 часа или подолго. Во 1970-тите, таков случај беше избегнат во последен момент со договор за плати.

Сега менаџментот посочува дека намалувањето на трошоците и капацитетот е неопходно бидејќи побарувачката за автомобили во Европа е намалена и невозможно е во сегашните рамки да се продолжи борбата со нови конкуренти.

Според зборовите на главниот извршен директор Оливер Блумe, VW не може да функционира во „свет на фантазијата“. Вредноста на акциите на VW годинава падна за околу 25 отсто.

Фото: Pixabay