Прекинат падот на биткоинот, но уште една криптовалута вртоглаво расте

162

Биткоинот, најпопуларната криптовалута, скокна за 8 % на почетокот на оваа недела, ставајќи крај на негативниот петдневен пад на вредноста.

Вредноста на биткоинот во понеделникот доцна попладне беше 53.757 американски долари.

Втората по големина криптовалута според пазарната капитализација, eтериумот (ЕТХ), порасна во вторникот, тргувајќи по цена од 2.631 долари и се искачи за 5,2% за 24 часа. Во вторникот се искачи на рекордно високо ниво од близу 2.700 долари по силниот скок од три дена.

Во моментов, цената на биткоинот е околу 55.088 долари.

Минатата недела, биткоинот падна под 50.000 УСД за прв пат од почетокот на март, откако предложеното зголемување на данокот на капитална добивка на американскиот претседател Џо Бајден доведе до бран на продажби. Целиот пазар на криптовалути изгуби повеќе од 200 милијарди долари во вредност за само еден ден.

Бајден се очекува да го зголеми данокот на долгорочна добивка на капитал за најбогатите Американци на 43,4 %, со вклучени даноци. Тоа предизвика краткорочен пад на берзите, а аналитичарите велат дека стравувањата од предлогот може да се прошират и на крипто-пазарот.