Прекинато производството на електричниот Renault Fluence ZE

33

renoФранцуската компанија Renault го прекина производството на моделот Fluence ZE во погонот во Турција, поради лошата продажба и банкрот на партнерот кој ги доставуваше батериите, израелската Better Place.

Се работи за електрична верзија на моделот Fluence, кој за прв пат беше претставен на шоуто во Франкфурт во 2009 година. Автомобилот не помина добро, затоа што компанијата успеа да продаде само 3.500 возила во Израел, Франција и Данска, во периодот од 2011 година, кога почна производството, до април 2013 година.

Електричната верзија е потполно идентична на стандардниот модел, а со едно полнење кое трае осум часа, можат да се поминат 185 километри.