Прекинот на струја ја чини турската економија преку 800 милиони долари

21

turcija

Прекинот на електричната енергија што во вторникот се случи во Турција и траеше од осум до десет часа, ја чини турската економија околу 800 милиони долари, пишува Заман.

Прекинот во вторникот, 31 март предизвика хаос во секојдневниот живот и економијата. Луѓето не беа во можност да го користат јавниот превоз, машините во фабриките не беа во функција и целиот процес претрпе застој за еден ден.

Прекин на струја имаше во 80 од 81 турска провинција, а причината за прекинот сè уште не е позната.