Фото: Pixabay
Согласно податоците од ДАМСКВ (Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух) на ден 09.01.2018, среднодневните концентрации на РМ10 честички се под дефинираниот праг за алармирање, стои во владиното соопштение.
Среднодневната концентрација на РМ10 надмината е само на едно мерно место во Скопје, а со тоа епизодата со надминат праг на алармирање е прекината, што значи дека од денеска мерките престануваат да важат.