Ирскиот старт – ап Food Cloud создаде апликација што ги поврзува производителите и трговците со храна со хуманитарни организации. Целта е да се воспостави рамнотежа помеѓу големите количини на храна што се фрла и недостатокот од прехранбени производи за ранливи категории на луѓе.
Стартапот нуди два вида на услуги: Food Cloud за трговци со храна и Food Cloud Hubs за производители на храна. Двете услуги се поврзани со локалните хуманитарни организации, како што се банки за храна или хостели за бездомници.
Апликацијата претставува едноставна платформа што дава информации за достапните количини на храна, како и местата каде што може да се дистрибуира.
Над 200 продавници во Ирска и 800 во Велика Британија го користат услугите на Food Cloud, а скоро 4.000 британски хуманитарни организации ја добиваат храната преку апликацијата.
Food Cloud Hubs е дизајниран за примање поголема количина на храна директно од производители, а сега има 95 партнери што донираат храна. Досега се донирани околу 1.300 тони храна за 120 хуманитарни организации низ Ирска.