Преку MarketKonekt отсега се тргува и со фирми и потрошувачи од Бугарија

150

Домашниот онлајн маркет MarketKonekt се проширува и на пазарот во Бугарија. Отсега домашните компании добиваат единствена можност за олеснета интернет трговијата не само со македонските, туку и со бугарските купувачи.

“Проширувањето е резултат на соработка со нашиот партнер Golden Pages од Бугарија. Следната година услугите на MarketKonekt ќе бидат достапни и во останати земји од регионот”, најавува Владимир Вецовски, директор на R3 Infomedia, компанија што го развива MarketKonekt.

Преку MarketKonekt, брзо, едноставно и со мали вложувања компаниите ја промовираат понудата, а купувачите дознаваат што се нуди на пазарот. Со објавување на производи или услуги понудите на компаниите веднаш стануваат достапни до секој потенцијален купувач од Македонија и Бугарија – фирма или краен потрошувач.

Истовремено, купувачите од двете земји лесно добиваат детална информација за споредба на карактеристиките на производите/услугите, и за избор на оние со најдобра вредност. Овозможено им е и директно да контактираат со продавачите за да побараат понуди за производ или услуга што им е потребна.

Ник Саундерс, директорот на Golden Pages Бугарија, очекува значајни бенефити за бизнисите од двете земји.

“Досега во регионот и во Бугарија немаше единствен онлајн производ што директно ги поврзува фирмите со потрошувачите. Благодарение на нашиот македонски партнер R3 Infomedia и нивниот MarketKonekt можеме да им обезбедиме ваква услуга на нашите клиенти. MarketKonekt сигурно ќе им помогне да ја зголемат продажбата во Бугарија, но и да ја зајакнат трговијата со нивните партнери од Македонија”.

Веќе 1.500 домашни компании промовираат над 26.000 различни производи/услуги на MarketKonekt.com. Само во првиот месец им се приклучија 500 фирми од Бугарија, а до почетокот на 2013 година нивниот број се очекува да достигне 1.000 нови фирми.

Бугарската верзија на MakretKonekt може да ја најдете на http://bg.marketkonekt.com

MarketKonekt е дел од портфолиото на R3 Informedia, компанија чии производи се лидери на пазарот во соодветните категории. Ги вклучуваат Златна книга и Информации 1188.