Препораки од Град Скопје за загадениот воздух

48

zagaden-vozduh-pixabay

Фото: Pixabay

Властите на главниот град објавуваат препораки поради загадениот воздух во Скопје.

Оттаму на граѓаните им препорачуваат: возилата да не се користат без потреба; повеќе лица да се возат со едно возило; да се користи јавен превоз; за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и синтетички материјал; да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци: печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот; редовно да се чистат оџаците.

Властите, исто така, објавија и препораки за заштита на здравјето на луѓето, како и до институциите и правните субјекти.