Преседан во Советот за безбедност на ОН: За прв пат во својата историја ќе разговара за вештачката интелигенција

Советот за безбедност на Обединетите нации на 18 јули за прв пат во својата историја ќе одржи седница за вештачка интелигенција (ВИ), најави постојаниот претставник на Велика Британија во светската организација Барбара Вудворд.

– За време на претседавањето со Велика Британија првпат ќе разговараме за вештачката интелигенција во Советот за безбедност – изјави Вудворд, пренесува ТАСС.

Таа додаде дека целта е да се поттикне дискусија за управување со огромните можности и ризици кои вештачката интелигенција ги носи со себе.

Со седницата ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, а се очекува да зборуваат и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и експерти од областа на вештачката интелигенција. Кон крајот на мај, експертите, вклучително и шефовите на лабораториите за набљудување на вештачката интелигенција OpenAI и Google Deepmind, предупредија дека вештачката интелигенција може да доведе до истребување на човештвото.

Тие изјавија дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет, заедно со другите општествени ризици како што се пандемии и нуклеарна војна, иако има и такви кои велат дека стравувањата се претерани.