“Пресушија“ бензинските пумпи низ Британија

57

На бензинските пумпи низ Велика Британија снемува гориво, а некои големи индустриски групи во англиските градови известуваат дека 50 до 90 проценти од бензинските пумпи се “пресушиле“, објави денеска Здружението на трговци со моторни горива.

Акутниот недостаток на возачи на камиони во Велика Британија ги наведе жителите во некои англиски градови да паничат при купување гориво и доведе до создавање колони автомобили долги километри на бензински пумпи, од кои многумина останаа без бензин и дизел или едноставно се затворени, пренесе Ројтерс.

“Некои од нашите членови, големи индустриски групи со широка мрежа на продажни места, известуваат дека од вчера, 50 проценти од пумпите се “суви“, а некои известуваат дека дури 90 проценти од пумпите се “пресушени“, рече Брајан. Мадерсон, претседател на Здружението на продавачи на бензин.

British Petroleum во неделата соопшти дека речиси една третина од нејзините бензински пумпи во Британија останале без два главни типа на гориво поради панични набавки.